Српскиот ТВ водител Огнен Амиџиќ во едно скорешно интервју, меѓу другото, зборуваше и инсулинската резистенција, болеста која му е дијагностицирана неодамна. Веднаш штом почувствувал дека нешто не е во ред, тој посетил лекар кој открил дека Огнен се наоѓа во пред-дијабетска состојба, односно дека има пореметување на метаболизмот. Пред да го посети лекарот, Огнен постојано бил изморен, му се спиело и се чувствувал гладен дури и откако ќе се најадел.
„Не е ништо страшно. Поголем проблем им претставува на жените кои сакаат да останат бремени. Пијам лекови на природна база, го сменив начинот на исхрана и веќе се чувствувам подобро“, рече Огнен.