За жал, појавата на брчки е неизбежна кај секоја жена. И со нивното доаѓање почнуваме френетично да се бориме, со помош на разни кремови, методи и козметички третмани. Но, дури и најскапите креми не ни гарантираат целосно ослободување од овие козметички недостатоци , особено што кожата многу брзо се навикнува на купечките креми и не секогаш има соодветни резултати.
Ако имате време и желба да подготвите домашен крем против брчки , тогаш можете да ги искористите предностите на оваа одлична рецепта.
Оваа домашна крема е совршен лек за кожата: хидрира, го израмнува тенот, ги намалува брчките и стареењето на кожата. Нејзината предност – се природните состојки и безбедноста. Погодна за сите типови на кожа.
Резултати се видливи веќе за 7 дена. Оние кои се однесуваат со почит кон нивната кожа, овој крем ќе го засакаат . Рецептот е лесен и навистина неверојатен.
Домашен крем против брчки- Рецепт:
За да го подготвите овој крем ви биде потребно:
– 1 свежа жолчка од јајце
– 2 лажици бадемово масло ( може да го замени маслиново )
– Половина лажица квалитетен мед (било кој)
– 2 лажички медицински вазелин
Подготовка:
Вазелинот се растопува на водена пареа. Тоа ќе потрае неколку минути.
Го тргаме од шпоретот и ги додаваме другите состојки : медот , жолчката од јајце и маслото.
Сите состојки темелно се мешаат . Мешајте неколку минути додека не добиете хомогена смеса.
Ставете ја смесата во една кутија, може во кутија од стара крема, ќе биде доволна кутија од 50 мл.
Со лесна масажа се нанесува на чиста кожа. По 30 минути отстранете ја кремата со памукче натопено во минерална вода ( кисела) или влажно шамивче за лице.
Забелешка: Кремот се апсорбира во кожата повеќе од еден час , така што треба да се нанесува на лицето 2 часа пред спиење.
Чувајте ја кремата во фрижидер. Кога ќе се потроши , и ако сте задоволни , направете си нова доза. Овие состојки се природни, и не правете двојна доза одендаш , за да не се расипе.