Оваа лековита мешавина се подготвува од четвртина лажичка куркума, се додава 1/2 лажичка квалитетно маслиново масло и малку бибер. Овие состојки се мешаат добро, за да се добие хомогена смеса и се зема како додаток на јадења, салати, а може и да се користи самостојно. Доколку го конзумирате самостојно лекот, додадете и малку вода, промешајте и потоа земајте по една мала лажичка два или три пати секој ден. Подобро е да го конзумирате лекот на речиси празен стомак, а не по оброк.
Овој рецепт за здравје е користен од многу луѓе и повратните информации за него се повеќе од одлични. Трите волшебни природни состојки се препорачани и за во зимската сезона, бидејќи држат подалеку од сите видови на вируси и грип.
Комбинацијата меѓу црн бибер и куркума е одлична алатка за отстранување на вишокот килограми и одржување на нормална телесна тежина.