Познатиот ефект на пеперутки во стомакот е проследен со постојана насмевка на лицето и резултат на тоа дека врската штотуку почнала. Ова позитивно чувство на вљубување не мора да трае само на почетокот, напротив, ова се неколку правила кои можат да придонесат постојано да се чувствувате како да се заљубувате одново и одново.
Фазата меден месец
Времето кое го поминувате со партнерот на почетокот на врската е непроценливо, но битно е да не претерувате. Вашите чувства нема да се променат ако одвоите време и за себе. Не мора постојано да бидете со партнерот.
50-30-20
Ова правило, иако звучи чудно, во превод значи: 50% од времето за партнерот, 30% од времето за семејството и пријателите и 20% за себе. Оваа формула е успешна, обидете се да ја примените.
Заборавете на СМС пораките
Првите знаци на несогласување не значат дека врската нема да успее, кавгите се секако дел од секоја врска. СМС пораките не се соодветен начин на комуникација, затоа доколку сте се соочиле со некој проблем, најдобро е отворено да разговарате за истиот.
Давајте компромисни решенија, но поставете и ограничувања
Компромисот е составен дел од секоја врска, но треба да внимавате во поглед на решенијата за проблемите. Безусловен компромис не постои, вие сте тие кои ќе поставите ограничувања со цел да држите до себе и своите ставови.
Не споредувајте го партнерот со некој од минатото
Нема потреба да го споредувате вашиот партнер со некој со кого претходно сте биле во врска. Тоа се две различни индивидуи и два различни карактери, единствено што делат е времето кое го одвоиле со вас. Затоа почитувајте ги неговите одлуки, бидејќи тој ве одбрал токму вам.
Нема потреба да ја преувеличувате вашата врска
Можеби тој е вистинскиот и сакате да го поминете животот со него, но за тоа не можете однапред да зборувате или да поттикнувате одредени теми на разговор. Напротив, оставете на времето и на околностите сами да покажат како ќе се одвиваат настаните во вашите животи.
Бидете среќна и независна
Ова е единствениот предуслов за успех на секое поле. Бидете среќна и независна, донесувајте одлуки, бидете насмеана и задоволна сама од себе.