Кејт Мидлтон се појави во јавноста
Ова е нејзиното прво појавување откако од Кенсингтонската палата и официјално соопштија дека по трет пат е бремена. Идната тројна мама ја поддржа хуманитарната акција со која го истакнува зачувувањето на менталното здравје на најмладите. Таа пред јавноста во Британија се обрати со видео со кое се најавува филмот снимен во продукција „Anna Freud” на државниот центар за деца и семејство. „Менталното здравје е начинот на кој се чувствуваме и размислуваме. Работите и не можат навистина да се видат, но тие влијаат на нас секојдневно и зборувањето за нив може да изгледа тешко“ вели Кејт на почетокот на своето обраќање.
Таа потоа додаде дека за доброто на менталното здравје е многу важно да знаеме да го искажеме својот проблем, како да го кажеме на оној другиот, но и дека е многу важно да знаеме да слушаме ако нашиот пријател или некој член од семејството ни го открива својот проблем. „Понекогаш и самиот разговор работите ги прави да бидат подобри“, вели таа.
Војвотката од Кембриџ за оваа пригода носеше едноставен син комплет во комбинација со прекрасна фризура и децентна шминка.