Бидејќи трендот при шминката сезонава е следен: акцентот е на очите, а основното правило на шминката е акцентот да биде само еден, или очи, или усни. Ете зошто усните есенва мора да бидат безбојни што не значи и ненашминкани.
Припомнете си колку често ги гледаме ѕвездите со силна, интензивна шминка на очите, а усните макар и безбојни се просто неодоливи.
Ако се чудите како да го постигнете овој резултат, не грижете се, не само стилистите на познатите знаат како!
Тајната? Многу едноставно – купете кармин со боја која се доближува максимално до природната боја на кожата. Нанесете прецизно, а после тоа во средината на горната и долната усна додате малку безбоен сјај. Тој ќе им придаде точно онолку блесок, колку што е неопходно.
Добро е предходно да сте ги акцентирале очите, а за крај нанесете малку бронза на образите за да изгледате како да е сеуште август. Златото, бронзата, бакарот, медот, сите овие нијанси влегуваат во комбинација, изборот е ваш.
Сигурни сме дека нема да останете незабележана!