Основачот на Playboy, Хју Хефнер, почина во 91 година од својот живот.
Како што беше соопштено од неговата компанија, Хефнер починал „мирно и во топлината на својот дом“ на 91 годишна возраст. Исто така наведено е дека починал од природна смрт.
Медиумски магнет, мултимилионер и човекот кој на светот им ги донесе „зајачици“, помагаше во ширењето на сексуалната револуција уште од шеесеттите години на минатиот век со својот еротски магазин Playboy.
Неговиот живот беше проследен со низа на контроверзии, како на пример познатите Playboy журки, по него беше направено и едно реално шоу, а безброј пати беше критикуван поради претерувањата во својот живот.
Тој беше роден во 1926 година, во религиозно семејство, го основаше Playboy во далечната 1953 година, а дел од капиталот за отворање на овој магазин му бил позајмен од неговата мајка!
Зад себе остави три брака, а највпечатлив за медиумите и светската јавност беше последниот кога неговата сопруга беше дури 60 години помлада од него.