Јелена Карлеуша вчера отпатува во Истанбул каде што синоќа го одржа првиот голем солистички настап!
Поп-ѕвездата настапи во прочуениот клуб Masquerade, пред кој останаа неколку стотини луѓе, кои поради метежот не успеаја да влезат.
Колку интересирање имаше за настапот на Јелена во текот на сите претходни денови, особено синоќа, говори и фактот дека сите медиуми од Истанбул биле во споменатиот клуб за да го проследат перформансот на „снајките“, како што веќе некое време го нарекуваат.
Јелена имаше строго затегнато и високо подигнато опавче на косата.
А изгледот им го објасни на Турците поради што ја сметаат за најстилска жена на овие простори.
Инаку, Карлеуша на Турците им приреди и невидено изненадување со изведба на неколку странски песни, а со хитот на Ријана, Bitch Better Have My Money, буквално растури!
https://www.instagram.com/p/BZlN3CrHI6g/?taken-by=hatemelater.ms