Доматот, зеленчук кој всушност е овошје, е богат со разни нутриенти, а може да се јаде и подготвува на повеќе начини.
Оваа намирница е многу лековитa и поради ниската калорична вредност е посакувана кај многу диети за слабеење.
Доматот го зајакнува имуниетот и е добар против инфекции.
Покрај тоа, се препорачува како идеален природен лек против астма и кардиоваскуларни заболувања.
Некои истражувања покажале дека доматот е најделотворен како сок, спречува тромбоза и го забрзува метаболизмот.
Благодарение на ликопенот, оваа билка се вбројува и во борците против канцерогени болести.