Бившата тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, фудбалерот Бастијан Швајнштајнгер, за неколку месеци ќе станат родители, а оваа вест ги израдува нивните фанови ширум светот.
Ана и Бастијан моментално живеат во Чикаго и тоа во повеќе од луксузен пентхаус кој се наоѓа во хотел со прекрасен поглед на езерото Мичиген.
Раскошниот апартман има 230 квадрати, а светските медиуми пред неколку месеци пренесоа дека неговото изнајмување чини околу 30 илјади евра месечно.
Секое ќоше во овој хотел го одликува луксуз, што може да се види и на фотографиите од нивниот апартман.