
Овие 20 факти во врска со жените би требало да ги знае секој маж кога ќе се вљуби.
1 Без доверба во неа – ќе ја загубиш.
2 Биди трпелив за да ја разбереш.
3 Таа не е ни поубав ни понежен пол. Вие сте рамноправни, па и однесувај се така спрема неа.
4 Искрено извинување ја води вашата врска кон подолг пат.
5 Секогаш, секогаш биди нејзината поткрепа.
6 Секогаш биди искрен.
7 Ставај ја на прво место секогаш кога е возможно затоа што и таа така те третира.
8 Не мора да имаш излез од секоја кризна ситуација, само биди покрај неа.
9 Можеби таа не се сака себеси, но со помош на твојата љубов можеби и ќе научи.
10 Не значи дека отсекогаш била таква каква што е покрај тебе.
11 Таа ќе се менува, но тоа не значи дека ќе престане да те сака или дека ти треба да престанеш да ја сакаш.
12 Нејзиното тело е нејзин избор, во секоја смисла.
13 Кога е лута или вознемирена, никогаш не ја прашувај дали е таква поради ПМС-от. Ако го направиш тоа, сиот бес ќе го насочи кон тебе.
14 Дури и да не ја разбираш ситуацијата низ која поминува, почитувај го нејзиниот избор. Половина од битката ќе извојува само ако си со неа.
15 Биди трпелив со неа затоа што и таа е трпелива со тебе.
16 На крајот на денот, секоја жена е поинаква. Таа има свои потреби, желби и цели. Дознај кои се нејзините и помогниѝ да ги оствари.
17Посвети им внимание на деталите во вашиот разговор – малите нешта можат да направат битна разлика.
18 Што и да се случи, биди љубезен.
19 Само ти ја знаеш нејзината вистина, никој друг, и тоа е прекрасно. Ако мислиш поинаку, веднаш ќе се повлече.
20 И на крај, можеби и најважното – и таа оди во тоалет, немој да те изненади тоа!