На интернет се појави неверојатна снимка на која се гледа како пилот-херој „на слепо“ приземјува тешко оштетен авион.
Капетанот Александер Акопов кој работи за турската компанија Атлас Глобал, е награден откако го приземјил оштетениот патнички авион на аеродромот Ататурк во Истанбул и покрај силната бура.
Катастрофата се случила само десет минути после полетувањето на авионот од турскиот аеродром. Авионот достигнал висина од 1.300 метри, кога град ги искршил прозорите на кокпитот, оневозможувајќи му на пилотот да гледа.
Тој ги спасил животите на 121 патник и шестмина членови на екипажот.
Капетанот Акопов вели дека со колегите подоцна славен „втор роденден“, откако успеал да се избори со леталото и покрај исклучениот авто-пилот и градот со големина на јајце.
– Летам 30 години. Патниците се живи, сè тоа е нормално. Тоа е нашата професионалност, рекол скромниот пилот.
– Нашиот локатор не го прикажа невремето и поради тоа дојде до оваа ситуација. Беше тешко, но важно е што луѓето се живи.