Изминатиов викенд светските медиуми пишуваа за разделбата на Шакира и Пике, по што многумина ја нарекоа 2017 година на раскинувања.
Пишувањата, сепак, се лажни, а тоа го објави Шакира преку порака на социјалните мрежи.
„Ние сме заедно и ќе останеме заедно. Нашата љубов расте од ден на ден и станува посилна. Шпекулациите во медиумите за нашата разделба се невистинити. Тоа намерно го објавуваат луѓе што сакаат целосно да го уништат имиџот на Жерар и да му направат штета“, напиша Шакира.
Шакира му ја посвети песната Me Enamore на фудбалерот на Барселона и тој е главниот лик во нејзиниот последен спот.