Познатата тенисерка во опасно издание
На спортистките очигледно не им е проблем да го симнат вишокот килограми што ќе го добијат по бременоста. Тие имаат посебен метаболизам, а тоа можеме да го видиме и од Серена Вилијамс која, иако се породи само пред месец дена, има линија како во најдобрите денови.
Познатата тенисерка на еден настан се појави во бел тесен фустан кој совршено ја истакна половината, а според некои изгледаше и подобро од кога било досега.
„Мислев дека ќе се повлечам откако ќе добијам дете, но сега не мислам така. Дефинитивно се враќам на терените“, изјави Серена и го најави нејзиното враќање на тенисот.