Широките панталони се одлично парче облека кое може да биде дел од секој ваш изглед. Овој модел на панталони ја истакнува вашата елеганција и без разлика на тоа која боја ќе ја одберете и со што ќе ги комбинирате вие со сигурност ќе изгледате модерно.
Широките панталони можете да ги носите и со чевли на висока потпетица и со ниска, а и со патики, во зависност од тоа дали сакате да изгледате поелегантно, деловно или спортски. Можете да ги комбинирате со блузи, кошули и со палта. Оваа есен чувствувајте се удобно и бидете посебни во комбинација со широки панталони!