Фудбалската ѕвезда, Бастиан Швајнштајгер кажа интересни факти за личниот живот во најновото интервју во кое призна дека му е подобро да излегува без сопругата Ана Ивановиќ.
Германецот рече дека му е попријатно кога е сам или со пријатели, бидејќи неговата сопруга привлекува премногу внимание.
– Поубаво е да не е со мене. Многу е убава и луѓето ја гледаат постојано. На мене тоа не ми се допаѓа. Сакам да останам незабележан, а покрај неа тоа е невозможно – прокоментира со насмевка Швајнштајгер, додавајќи дека и покрај сѐ, често излегува со Ивановиќ.