Ова природна смеса е одличен извор на витамини, посебно од групата Е, А и Б, како и минерли и омега киселини. Се препорачува да се зема во утринските часови на празен стомак.
Сусамот и медот го зајакнуваат имунитетот, ја намалуваат желбата за слатки, лечат констипација, ги ублажуваат стомачните мачнини и делуваат благотворно во случај на гастритис, колитис и чир. Освен тоа, оваа мешавина ги зајакнува коските, ги стимулира менталните активности, ја зголемува физичката издржливост и го подобрува квалитетот на здрaвјето, косата и кожата.
Начин на подготовка
Оваа паста се приготвува многу лесно. Едноставно измешајте чажица мед и една лажица сусам и мешајте се додека не добиете смеса што наликува на алва. Оваа количина на паста има околу 155 калории, 8 грама маснотии, 21 грам јаглен хидрати, еден грам влакна и 3 грама протеини.
Како и да е, пред употребата на сите природни лекови препорачливо е најпрвин да се консултирате со вашиот матичен лекар, поради несакани реакции.