Големо БРАВО за овој одличен трик!
Познатата бјути блогерка Едит Маир ги воодушеви своите обожаватели на Инстаграм кога како со магија ги сокри своите брунки на лицето со овој фантастичен трик. Едит (22) користи неколку вида на сенки и коректори како потполно би ги сокрила акните во нејзиното видео кое трае само 60 секунди, а досега го имаат видено скоро 100.000 илјади луѓе.
Сите се воодушевени од магичниот ефект кој го има на нејзиното лице оваа шминка, иако има и такви кои коментираа дека претерала затоа што користела осум различни производи, вклучувајќи два коректори и вештачки трепки. Сепак, таа на сите им покажа одличен трик со сенки за очи кои исто така можат да се користат за покривање на брунки и подочници. Таа најпрво со светла сенка го нијансираше лицето, додела со зелена ги прекри брунките – а со портокалова – подочниците! Потоа под очите нанесе течен коректор, пудра, а потоа го контурираше лицето и на крај го дополни целосниот изглед со темен кармин и вештачки трепки.