Поранешниот претседател на Египет Хосни Мубарак е болен од рак, рекол неговиот адвокат повикувајќи се на лекарски наод.
“Мубарак има рак и тоа е вклучено во последниот медицински извештај“, рекол адвокатот Фари ел Дип.
Со тој медицински извештај треба да биде утврдено дали Мубарак може да се појави на судењето во август.
Египетскиот претседател бил сместен во болница во Шарм ел Шеик бидејќи во текот на сослушувањето се жалел на проблем со срцето.
Судењето на Мубарак започнува на трети август заради злоупотреба на власт и убивање на демонстранти во текот на протестите кои довеле до негово симнување од власт.
Извор: Нетпрес