Оваа маска веднаш ги отстранува трагите од умор! Рецептот ни доаѓа од Индија, каде куркумата се користи не само како зачин за подготовка на храна, туку и како ефективно средство за убавина.
Куркумата ја подмладува кожата. Благородната златна маска содржи сода – еден од најактивните компоненти кој стимулира циркулацијата на крвта во кожата и ја чисти.
По употребата на оваа маска може да забележите благо црвенило, кое се јавува поради протокот на крв, но не грижете се, тоа ќе помине за еден час, а кожата ќе изгледа фантастично …
Маска за кожата околу очите
Потребно Ви е:
0,5 лажичка куркума
1 лажица сода бикарбона
Неколку капки сок од лимон
Подготовка:
Подгответе суспензија од сите состојки. Ако имате чувствителна кожа на лицето, заменете сок од лимон со тоник или вода.
Нанесете златната маска во зоната под очите и држете 15 минути.
Измијте го лицето со млака вода. Нанесете крем.
Доволно е да ја правите оваа маска еднаш на 3 дена, за да постигнете забележителен подмладувачки ефект! Малите брчки се измазнуваат, кожата се чисти, а темните кругови под очите едноставно исчезнуваат!