Според информации на US Weekly глумицата Мелани Грифит по втор пат се бори со рак на кожата.
Кога пред еден месец се појави во јавнопста со темна дамка на ностот, сите мислеа дека се работи за некоја рана, меѓутоа, Мелани неодамна имаше операција за отстранување на меланом од кожата и сега е подвргната на понатамошна терапија.
Глумицата за прв пат го победи ракот на кожата во 2009. година кога болеста и се појави под десното око. И тогаш, како и сега децата и бившите сопрузи и се најголема поддршка низ ова болно искуство.
Америчкиот магазин пишува дека Мелани Грифит е позитивна и верува дека наскоро ќе им се врати на своите редновни активности.