Драмата продолжува! Гоца Тржан се сели од станот поради бившиот сопруг

popara13 октомври, 20171min00
7

Откако сестрата на бившиот сопруг на пејачката Гоца Тржан, Теодора Маринковиќ, во живо се вклучи во реалното шоу „Парови“ во кое учествува нејзиниот брат Иван Маринковиќ, и раскажа дека Гоца сака да ги „остави на улица“, Тржан одлучи да се огласи во медиумите.

„Нека ми се симнат од грбот веќе! Тврди дека живеам во неговиот стан. Никој од нив немаше проблем да ме остави да живеам со детето во станот за кој месечна рата изнесува 500 евра. И никој не ми се јави да ме праша дали имам пари, туку сега, кога го отплатив поголемиот број рати, сакаат да го земат, а притоа имаат два стана. Едниот е во строгиот центар на градот, но очигледно тоа им е малку, па го сакаат и овој во Миријево. Нема проблем, ќе го добијат, ветувам дека за еден месец ќе се иселам од него, но ним ќе им останат месечната рата за кредиот и сите преостанати трошоци. Мене не ми е проблем да излезам од станот, но што ќе прават тие потоа. Бедно е тоа што се обидува да биде популарен преку мојот грб, веќе нека ме остави на мира, и не само мене туку и моето семејство. Тврдам дека за секоја негова изговорена лага ќе поднесувам тужби, како и за изјавата на сестра му дека сум и’ се заканувала“, порачува Гоца, остро демантирајќи ги тврдењата на Теодора Маринковиќ, која изјави дека Гоца и’ се заканувала дека ќе ја исфрли на улица.

„Не е вистина дека сум се заканувала. Тоа е апсолутна лага, јас сум жена што не се заканува. Со дотичната немав контакт со години наназад. И’ испратив порака со најдобра намера да му пренесе на брата си да престане да зборува лаги за мене, бидејќи за се’ имам конкретен доказ. Зошто не зборува дека нема дадено ни динар за ќерка си со години? Нека биде фраер па да го слушнеме и тоа, а не дека јас му се заканувам некому декаќе го исфрлам од станот“, додаде Тржан.

Гоца како доказ дека не се заканувала ја приложи и СМС-порака што и’ ја испрати на бившата золва.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag