Дебелите луѓе сонуваат да пронајдат диета која ќе им овозможи да јадат се, а сепак да слабеат. Можеби ќе ви звучи прмногу добро за да биде вистинито, но навистина, постојат диети кои дозволуваат да јадете колку сакате, а да ослабнете. Важно е само да ги одберете вистинските намирници.
ПОВЕЌЕ ВОДА, ПОМАЛКУ КАЛОРИИ
Јадете намирници кои содржат многу вода, бидејќи тоа е еден од начините да ослабнете, истакнуваат нутриционистите. Водата не содржи калории, а дава чувство на ситост.
СУПИ И ЧОРБИ ОД ЗЕЛЕНЧУК
Истражувањата покажуваат дека супите и чорбите од зеленчук се одличен начин да се храните здраво, а да имате добра линија. Сепак, водете сметка да не ставате премногу тестенини во супите. Можете да ги “збогатите”, на пример со парче пилешко.
СВЕЖО ЦЕДЕНИ СОКОВИ
Природните сокови од овшје и зеленчук содржат многу вода и малку калории. Освен тоа се многу вкусни и хранливи. Можете да ги пиете во текот на целиот ден и нема негативно да се одразат на вашата става. Избегнувајте готови сокови бидејќи содржат многу шеќери и адитиви.
ПОЛОВИНА ПОРЦИЈА – ЗЕЛЕНЧУК
Ако сакате да ослабете, обидете се половина од порцијата да ви биде зеленчук, четвртина ориз , тестенини или леб, а четвртина риба или месо. Оризот и месото постепено можете да ги замените со зеленчук.
КАЛОРИИ
Добро е да знаете колку калории имаат одредени намирници во количество од 100 грама. Краставицата ина само 10, вареното јајце 147, супата од зеленчук 52, јагодите со шлаг 160, лазањите 190, кроасанот 370, а кикириките дури 600 калории.