Пејачот Драган Којиќ Кеба, насекаде во јавноста зборува дека ја обожава својата снаа Северина и дека се во одлични односи. Кеба дури говорел дека со избраничката на својот син ќе сними дует кога ќе имаат добра песна.
Тој за време на гостувањето во емисијата на водителот Огнен Амиџиќ открил каков подарок добил за 57-от роденден од неговата снаа и синот.
– Морам да откријам една ексклузива, за нешто помалку од месец ќе излезе песната која ја добив на подарок од снаата Северина и синот Игро. Таа песна ја добив за роденден и ќе слушнете сите за што станува збор. Ете, толку би открил засега – рекол гордиот Кеба.