
Ништо полесно од тоа да изберете лосион за тело, нели? Ако верувате во тоа, воопшто не сте во право. Жените најчесто се одлучуваат за лосион што има најубав мирис или изглед – што е сосема погрешно. За да ѝ обезбедите на кожата најдобра нега, ви откриваме каков лосион треба да изберете според типот на вашата кожа.
ува кожа
На сувата кожа што се лупи потребен ѝ е изразено густ лосион што ќе ѝ обезбеди најдобра и најдолга хидратација.
Нормална кожа
На вас ви се потребни лосиони со „полесна“ формула. Одлучете се за производи што содржат глицерин, хијалуронска киселина или уреа, која ги врзува молекулите на водата за клетките на кожата. Важни состојки се и петролеј, шеа-путер или некое друго масло што ги задржува молекулите на водата под површината на кожата.
Мрсна и осетлива кожа
Ако имате мрсна кожа, користете лосиони што се наменети за осетлива кожа. Потребна ви е што полесна формула, која на кожата нема да ѝ ствара чувство на тежина.