Оваа состојба погодува многу жени, а никој не зборува за неа

popara27 октомври, 20171min00
1

Многу жени имаат вагинизам, вообичаена состојба за која ретко зборуваат. Оваа состојба предизвикува затегнување, односно грч на вагиналните мускули, или т.н. „вагинален напад на паника“ и оневозможува вагинална пенетрација. На повеќето жени со овој проблем им е срам да зборуваат за тоа, па затоа многу од нив не знаат дека таа состојба може да се излечи.

Милиони жени патат во тишина, затоа што им е многу срам некому да му се обратат за помош, предупредуваат гинеколозите.

Доктор Гита Венкат вели дека многу жени имаат вагинизам, но ретко кога се зборува за него. Ова пореметување предизвикува непосакувано собирање на вагиналните мускули и на тој начин се оневозможува пенетрацијата, ставањето на тампон и гинеколошки преглед.

Се проценува дека милиони жени ширум светот патат од таа состојба, а доктор Венкат вели дека жените не би требало да молчат, туку да се обратат за помош.

„Вагинизмот е толку лична работа за многу жени, затоа што влијае врз нивната самодоверба. Но, иако е редок, вагинизмот може да се ублажи ако се третира на правилен начин. Ако сакате да засновате семејство, морате да побарате помош“, објаснува тој.

Вагинизмот се јавува како резултат на несакани рефлексни контракции на пубокоцкигеалниот мускул, кој е поврзан со вагината. Мускулот и ткивото во таа прилика неочекувано се напнуваат, што оневозможува било каков вид на вагинална пенетрација.

„Често се јавува и при неочекувана болка – телото реагира на болката и вагиналните мускули автоматски се затегнуваат за да се заштитат. Причина за затегнувањето може да биде и самиот страв. Сексот тогаш или е болен и непријатен, или невозможен“, раскажува доктор Венкат.

Лечење врши сексуален терапевт или бихевиорален терапевт кој ги открива причините што го создаваат проблемот. „Морате повеќе време да посветите на запознавање на себе си. Користете лубрикант кој ќе ви помогне да се опуштите и да достигнете поголемо сексуално задоволство“, објаснува докторот.

Иако ова пореметување не може да се излечи во целост, може значајно да се ублажи. Појдете кај својот гинеколог и бидете отворени. Заедно ќе го пронајдете вистинското решение.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag