Денеска ќе ви објасниме како да подготвите природен лосион за отстарнување на флеки од лицето.
Потребни состојки:
* 1дл сок од лимон
* 2 лажичиња магдонос
* 1,5дл дестилирана вода
* 0,5дл 70% алкохол
Подготовка на лосионот: Листовите од магдонос иситнете ги и полиете ги со дестилирана вода и алкохол. Протресете ја теглата и оставете ја да отстои преку ноќ.
Следниот ден течноста исцедете ја и додадете го сокот од лимон. Лосионот нанесете го навечер на чиста кожа, а можете и наутро.
Чувајте го во темно шише на дното во фрижидерот.