Што можат да направат за вас 2 чаши вода по секој оброк?

popara30 октомври, 20171min00
2

Според истражувањето спроведено во Обединетото Кралство, водата може да биде клуч за успех за слабеење.

Истражувањето опфатило 84 возрасни лица кои ги следеле во рок од 12 недели. Секоја личност добила совет како да држи диета, како да се храни и да ја зголеми телесната активност.

Потоа се поделени во 2 групи, на 41 од нив им е наредено пред главниот оброк да пијат половина литар вода, а 43 лица морале пред оброкот да замислуваат дека се сити.

Оние кои пиеле вода пред оброкот изгубиле околу 1,3 килограми повеќе од оние кои замислувале дека се сити. Исто така сите кои пиеле вода вкупно изгубиле повеќе килограми од оние кои не пиеле.

За 12 недели изгубиле околу 4,3 килограми, пишува Дејли Меил.

– Ако пиете само половина литар вода пред главниот оброк, три пати дневно, можете да ослабите. Ако тоа го правите во текот на целата година, ќе изгубите доста килограми, вели доктор Хелен Парети која учествувала во истражувањето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag