
Сцилија, Калабрија, Италија. Името потекнува од грчкото митолошко чудовиште Сцила, кое наводно живеело тука. Денес, претставува прекрасно рибарско селце, кое иако е малечко, сепак е обожавано од туристите. Историскиот изглед на градот, во комбинација со проѕирната вода покрај песочните плажи, го прави ова место идеална комбинација за летен одмор. Освен тоа, на самиот врв на ридот се наоѓа маркантиот замок кој е своевидно одбележје на ова место. во многубројните кафулиња и ресторани можете да порачате и порција со морски плодови, специјалитет карактеристичен за овој регион, на кој локалците се секогаш премногу горди.






