о интервју за магазинот “Тв Водич”, старлетата Наташа Софија го обвини познатиот фудбалер Кристијано Роналдо дека ја изневерувал својата бремена девојка Џорџина Родригез.
Секс скандалот брзо се прошири низ медиумите а португалската старлета Наташа Софија, која се прославила со нејзиното учество во ријалити шоу “Love On Top”, раскажала како сè започнало со обично допишување на социјалната мрежа Инстаграм.
– Одреден период се допишувавме, а потоа поминавме “интензивна ноќ” во хотел. На крајот од вечерта ми даде 300 евра за такси – вели 21. годишната старлета.
Наташа открила дека Роналдо дознал за неа откако го погледнал видеото на кое таа “тверка”. Таа ја раскажа својата страна на приказната, а посебно нагласила дека Роналдо ја изневерил Џорџина, бидејќи тој поминал ноќ со неа откако дознал дека Џорџина е трудна.
– Тој ја изневери својата девојка. Не зборуваше многу за неа додека бевме заедно, но кажа дека е со неа бидејќи добро се однесува со неговиот син. Исто така, ми рече дека има мнногу работа, па нема време за љубов – додава ријалити ѕвездата.
Исто така, објавени биле и пораките кои си ги праќале Роналдо и Наташа. Според приказната на магазинот, тие се допишувале веќе две години, но за прв пат се сретнале во март оваа година. Моментално, Роналдо, ниту Џорџина се немаат огласено во врска со овој скандал.