Фолк-пејачката Мира Шкориќ деновиве е актуелна со учеството во музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“. Таа зад себе има еден неуспешен брак со лекарот Васо Јеремиќ, од кој ја добила ќерката Милица. За разлика од Мира, ќерка ѝ решила да ги следи стапките на татка си и студира медицина, а не сака да се појавува многу во медиумите.
Неодамна Мира објави фотографија на која мајката и ќерката изгледаат речиси идентично, а нејзините следбеници на „Инстаграм“ под фотографијата оставија многубројни коментари полни со пофалби за изгледот на двете жени.