Најсексапилната баба на Балканот Неда Украден открива какви карактеристики би требало да има нејзиниот избраник, дали би му простила прељуба и зошто се развела од бившиот сопруг.
„Мора да биде една машка Неда Украден, да сака и да зготви добро и да се дотера, да е мангуп и зафркант, но и господин. Мора да и’ биде дораснат на жената што е тука и таму, некој што го сака семејството, топлината на домот, но и добра претстава и кафеана. Ви велам, таков уште не се родил“, вели Неда.
На прашањето дали некогаш доживеала прељуба, одговара:
„Како не, па кој не доживеал?! Ако жените мислат дека мажот не ги изневерил, во тешка заблуда се. Имено, не е реално цел живот да сакаме само една личност. Вистинска прељуба е некој да живее со тебе, а да сака некој друг – тоа е страшно! Преку тоа никогаш не би можела да поминам.“
Пејачката откри и која била причината за распаѓањето на нејзиниот брак со покојниот режисер Милан Билбија, татко на нејзината единствена ќерка Јелена.
„На човекот ужасно му пречеа мојата слава и начинот како реагирав на неа. Тој сметаше дека и’ штети на нашата врска и дека приоритет би требало да ни биде нашата куќа, а не моите турнеи. Секогаш се вели дека зад еден успешен маж стои жената, но зад успешна жена обично стои еден уништен брак, сопствениот најчесто.“