Некогашниот НБА шампион и најдобар шести играч во најдобрата кошаркарска лига на светот, Ламар Одом, упорно ги крши срцата на навивачите откако се предаде на животот полн со пороци.
Ламар Одом беше снимен како лежи беспомошен на подот во ноќен клуб во Лос Анџелес, откако претходно колабирал.
Обезбедувањето веднаш дотрчало да му помогне, но веќе сето тоа било фатено на камера.
Неговите претставници велат дека неговото колабирање не било последица на алкохолот, туку на дехидрација од напорниот тренинг кој Одом го имал утрото, но очевидци од клубот тврдат дека тој испил голема количина на алкохол вечерта и дека по последната пијачка, веднаш паднал на земја.
Одом веќе еднаш претходно беше во животна опасност поради неговата зависност од кокаин во 2015, кога се предозираше во хотелска соба во Лас Вегас.