Потребни состојки:
200 гр. крем сирење
250 гр. сино сирење (горгонзола)
2 ситно сецкани млади кромитчиња
½ лажичка сос по желба (соја сос, лут сос)
¼ лажичка црн пипер
120 гр. ситно сецкана сланина.
Пропржете ја сланината и младото кромидче. Во посебен сад ставете го крем сирењето, сирењето, црниот пипер, сосот и кромитчето и матете со миксер, па оставете ја смесата да отстои во фрижидер еден час.
Од смесата направете топчиња кои ќе ги извалкате во ситно сецканата пропржена сланина. Потоа оставете ги бомбиците да остојат во фрижидер уште половина час. Добар апетит!