Ако секој ден согорувате 100 калории повеќе, ќе успеете да ослабнете четири-пет килограми за една година, и тоа без диета!
Важно е да се напомене дека бројот на согорените калории варира во зависност од телесната тежина. Но, за да согорите дополнителни 100 калории, секојдневно имајте една од овие активности:
Одете со брзи чекори еден и пол километар (околу 20 минути).
Раскревајте низ дома половина час.
Трчајте 10 минути.
Качувајте се по скали повеќе пати во текот на денот.
Играјте на брза музика 20 минути.