Кога мислиме на машката сексуалност, обично мислиме само на пенис и тестиси. Но , многу мажи доживуваат интензивно задоволство со стимулацијата на простатата, која често се изедначува со стимулацијата на Г точката кај жената. Простатата може да сe стимулира однадвор, преку меѓичката.
Машката сексуалност е како орган, лесно се пали, но исто така и лесно може да се угаси, бидејки мажите брзо ејакулираат. Пронајдете ги изворите на задоволства на неговото тело, што ќе ви помогне да ги ускладите односите и да постигнете подлабок и поквалитетен љубовен однос.
И МАШКИТЕ БРАДАВИЦИ СЕ ОСЕТЛИВИ
Реакцијата на стимулацијата на брадавиците кај мажите е индивидуална, но таа зона кај мажите е значително помалку осетлива за разлика од кај жените. Многу мажи тврдат дека градите им се многу осетливи и нивното стимулирање лесно доведува до ерекција.
Со спирални движења околу градите во се помали кругови повлекувајте ја енергијата спрема брадавиците. Доколку ги протрлате палецот и показалецот пред да ги допрете неговите брадавици ќе ќе ја појачате стимулацијата. И јазикот е извонреден проводник на енергијата, и нема подобар начин за започнување на сексуалната игра.
ПРЕЈДЕТЕ ВЕДНАШ НА РАБОТАТА
Доколку жената сака да го распламти мажот, треба да започне од машките гениталии, да ги допира нежно и полека да го распламтува органот. Со милување ја извлекувате сексуалната енергија од неговите гениталии и ја усмерувате низ неговите нозе и раце, најмногу низ неговото торзо кон главата. Така ќе му овозможите подобра контрола над возбудувањето и ејакулацијата и ќе му помогнете да доживее оргазам со целото тело.
СТИМУЛАЦИЈА НА ТЕСТИСИТЕ
Кај повеќето мажи тестисите се многу осетливи, задоа допирајте ги најнежно што можете, стимулирајте ги со благо допирање со прстите и ноктите. Некои мажи уживаат во повлекување на влакненцата на тестисите, доколку им ги повлечете надолу. Доколку сакате мажот да биде доволно цврст за да изврши пенетрација, можете го да го стимулирате директно врвот на неговиот полов орган, бидејки е и најосетлив дел од машката анатомија.
КАКО ДА ГО МИЛУВАТЕ
Лубринакнтите на база на масло или вода, неопходни се за милување на машките гениталии. Додека жената сама произведува сопствена течност, мажот во потполност зависи од надворешното премачкување. Имајте на ум дека средството за премачкување можат да ја оштетат дијафрагмата или кондомот. Ако користите вакви заштитни средстства, земете лубрикант на база на вода. Жената треба да се потруди, нејзините движења при милувањето на пенисот, да бидат блаки и изедначени. Притисокот и брзината никогаш не смеете да ги менувате кога покретите ќе тргнат во друг правец.
ОДРЖУВАЊЕ НА ЕРЕКЦИЈАТА
Кога партнерот е во пасивна положба, лежи на грб, силата на гравитацијата ја отежнува неговата ерекција, бидејќи тогаш протекува крвта. Доколку мажот има проблем со одржувањето на ерекцијата, најдобо е да не лежи на грб, бидејќи така силата на гравитацијата ќе помогне крвта да тече во неговиот полен оган. Положбите кои помагаат во одржувањето на ерекцијата се стоечки, седечки и клечечки.