Колач со сливи и јаболка

popara15 ноември, 20171min00
10

Состојки:

  • 1 пакување лиснато тесто
  • 300 гр сливи
  • 300 гр јаболка
  • 150 гр шеќер
  • кесичка ванилин шеќер
  • 40 гр путер
  • рум

Начин на подготовка:

  1. Ставете шеќер на дното на плехот, па наредете овошје: ред сливи исчистени од коски (свртете ги така да средината на овошјето лежи на шеќерот), ред парчиња од јаболка.
  2. Посипете ванилин шеќер по овошјето, пропрскајте го со рум и зачинете со грутчиња путер.
  3. Развлечете го лиснатото тесто така што ќе го прекриете овошјето, а малку од тестото развлечете и на страна, покрај работ на плехот.
  4. Печете околу 40 минути, на температура од 200 степени и повремено проверувајте дали тестото се пече рамномерно.
  5. Кога тестото ќе се испече, извадете го плехот и оставете го колачот да се лади.
  6. Исечете коцки и послужете со сокот кој го испушта овошјето.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag