Славниоте актер Бред Пит е забележан во друштво на принцезата од Монако, Шарлот Казираги, во еден музеј во Лос Анџелес по што веднаш тргнаа гласините дека тие се најубавиот пар во историјата на шоу-бизнисот.
Австралискиот магазин „Њу Ајдиа“ објави дека Бред (51) и Шарлот (31) се во романтична врска, наведувајќи дека еден посетител на музејот изјавил дека актерот делувал сосема опчинето.
Бред веднаш излезе со демант, велејќи дека наводите се неточни, но времето ќе покаже кој ја зборува вистината.
Неговиот живот откако се разведе од Анџелина е под лупа на јавноста, па честопати го поврзуваа со различни актерки.
Шарлот е внука на Грејс Кели.