
Дали знаевте дека лимонот треба да го искористите целиот? Ништо од него не треба да се фрла!
Новата студија покажала дека лимуноидите, природни соединенија присутни во лимоните и во други агруми, го запираат развојот на клетките на ракот на дојка. Дали знаевте дека лимонот треба целосно да се користи? И тоа не само од здравствени причини, туку и заради неверојатниот вкус! Не се шегуваме! Едноставно е, земете органски лимон, добро измијте го и ставете го во замрзнувач. Откако добро сте го замрзнале, потребно е да го изрендате. Потоа ставајте го во салата, сладолед, супи, во житарки, или било што друго. Она што ќе го доживеете е сосема нов вкус во кој ќе уживате. Лимоновата кора содржи 5 до 10 пати повеќе витамини отколку самиот сок од лимон. Ова воедно и помага при ослободување на телото од токсини. Лимонот има антимикробно дејство против бактериските инфекции и габи. Делотворен е против интерните паразити и црви, го регулира крвниот притисок, делува како антидепресив, и е одличен во борбата против стресот и нервните пореметувања.