
Британскиот принц Хари официјално ја објави свршувачката со неговата девојка, актерката Меган Маркл.

Кларенс Хаус во официјално соопштение вели дека 33-годишниот Хари и 36-годишната Меган се свршиле.
„Неговото кралско височество, принцот од Велс, со задоволство соопштува дека принцот Хари се сврши со госпоѓица Меган Маркл. Свадбата ќе биде на пролет, во 2018 година. Понатамошни детали за венчавката ќе бидат објавени во иднина“, стои во соопштението.
Принцот Хари исто така побарал согласност од родителите на Меган за да ја запроси.
Двојката ќе живее во Нотингем котиџ во Кенсингтонската палата.