
Холивудската ѕвезда и добитничка на Оскар, Џенифер Лоренс, размислува да направи пауза од снимање филмови и да се одмора на некоја фарма.
27-годишната актерка не сопрела да работи, откако се појави на екранот во 2010 година, со нејзината главна улога во „Winter’s Bone“.
Лоренс е позната по нејзиното учество во продукции како „The Hunger Games“, „X-Men“, „American Hustle“, „Passengers“ итн. Таа доби „Оскар“ за најдобра актерка за нејзината улога во „Silver Linings Playbook“.
По неколку години работа без одмор, Џенифер Лоренс ја разгледува идејата за повлекување на далечена фарма. Во интервју за списанието „Ел“, прашана како таа ќе го исполни своето слободно време, актерката рече: „Ќе молзам кози“.
Во посериозен тон, Лоренс додава дека сака да го посвети поголемиот дел од своето време на организацијата „Represent.Us.“ за борба против политичката корупција.