Познатата пејачка Ријана беше специјална гостинка на Барбадос, нејзиниот роден остров, кога минатиот четврток се славеше Денот на независноста. Таа беше специјална гостинка на церемонијата во тамошниот градот Сент Мишел.
Претставници на владата на Барбадос една од главните улици ја нарекле токму по својата најголема и најпопуларна ѕвезда – така што улицата Вестбари њу роуд станала Ријана драјв, пренесе „Пипл“.
Повеќекратната добитничка на „Греми“, 29-годишната Ријана, за тој посебен ден облекла краток жолт фустан.
На свеченоста Ријана одржала говор во кој нагласила колку е горда на своето потекло и им заблагодарила на граѓаните на поддршката.