Сте се запрашале ли никогаш, зошто спиеме во темница и дали тоа влијае на квалитетот на нашиот сон и нашето здравје. Ако ве интересира, ние ќе ви кажеме дека мракот е клучен за квалитетен и здрав сон.
Вештачките извори на светлина кои ги употребуваме во вечерните часови се „благодети“ на модерното време. Луѓето пред тоа, со векови оделе на спиење со првиот мрак и се буделе во зора. Не постоела никаква вештачка светлина, па човековиот организам еволвуирал во правецот дека спиењето во мрак е најприродно.
Научниците утврдиле дека спиењето со било каков извор на светлина доведува до намалување на лачењето на хормонот мелатонин, кој е важен за човековото здравје, бидејќи влијае на имунитетот и го забавува стареењето. Лачењето на мелатонинот е 50% послабо кај лица кои спијат со извор на светлина, без разлика колку и да е мала.