
Глината се користи векови наназад како лековита маска за лицето и телото. Таа помага да се ослободите од мртвите клетки, како и да се одстрани излишната маснотија. После третман со глина маска кожата е идеално чиста, мека, стегната и еластична. Глината лекува и ја смирува кожата.
Потребно ќе ви биде: глина, лажица мед, вода за мрсна кожа, млеко за нормална и масло од јојоба за сува кожа.
Растворете ја глината во избраната од вас течност во однос 1:2. Додадете го медот и измешајте. Додадете уште течност ако смесата е премногу сува. Маската се нанесува на лицето и се остава да делува 15 минути. После тоа маската се измива со топла вода и окако лицето ќе се исуши се нанесува хидратантен крем.