Жените кои се породуваат со царски рез, потоа секојдневно треба да џвакаат гуми за џвакање, велат експерите.
Многу жени по царскиот рез страдаат од постоперативен илеус, што е медицински термин за „мрзливи црева“, по овој зафат.
Студијата спроведена во Филаделфија покажа дека нормалното функционирање на цревата може да се врати со џвакање гуми за џвакање три пати дневно по 30 минути.
Лекарите советуваат, пациентите да јадат по операција со цел цревата да не станат мрзливи, но на новопечените мајки веројатно тоа им е последната работа, по царскиот рез.
Сепак, експертите велат дека џвакањето гуми за џвакање може да го „излаже“ телото да „помисли“ дека јадете. Во текот на џвакањето се произведува плунка, со што мозокот испраќа сигнал дека цревата работат, велат експертите.