За да имате заносен и привлечен изглед, не ви е потребна дополнителна инвестиција, туку само овој трик.
Ги знаете оние жени кои имаат “трик” за се што ќе ви падне на ум? Можете и вие да бидете една од нив, еве го првиот чекор: Како да ги “направите” трепките како од реклама, а да не ставате вештачки и да не ги надоградувате ( да , да, зучи нереално, но и тоа се прави).
Што ви е потребно?
Стара маскара која почнала да се суши (но не постара од 3 месеци, бидејќи бактериите не се добредојден “додаток”) и нова, свежа маскара (која и онака мора да ја купите).
Што треба да правите?
На трепките најпрво нанесете слој од старата маскара за да добиете волумен, а потоа и слој од новата маскара, за да ги одделите трепките и да добиете на должина.
Најдобриот дел
Кога новата маскара ќе почне да се суши, таа станува “онаа старата” и се користи во првиот чекор.