Српските медиуми пишуваат дека пејачка Мира Шкориќ повторно ќе се мажи. Таа се појавила во јавноста со прстен за кој српските медиуми пишуваат дека е свршенички. Мира е шест месеци во врска со две години постар бизнисмен од Берлин, но врската ја чувала далеку од јавноста.
Нејзин близок пријател рекол дека Мира, конечно, е среќна и заљубена. И таа и нејзиниот партнер зад себе имаат по еден неуспешен брак, па ова би бил втор брак и за двајцата. Истиот извор додал дека Мира е свршена и дека свадбата треба да биде напролет. Во моментот Шкориќ е дел од музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“, а бидејќи не успеа да се пласира во финалето, в недела ќе пее само во ревијалниот дел.