Агадир е град кој се наоѓа во јужниот дел на Атланскиот брег на Мароко, во тивок залив со голема песочна плажа, опкружен со планините Антиатлас и пустината Сахара.
За разлика од повеќето марокански летувалиште на Атлантикот, Агадир е заштитен од силниот ветар и брановите на океанот и поради тоа е омилен помеѓу туристите на кои главна цел им е опуштање на песок и море.
Центарот на градот, исто така се разликува од останатите места во Мароко – недостасуваат атрактивните градби и шармот на берберските градови. Агадир е насилно уништен во земјотресот во 1960 година, по што е подигнат од пепел, така што зградите се од понова архитектура, обемни и не многу интересни. Улиците се широки, хотелите се модерни, а кафулињата се проектирани во европски стил, така што Агадир е далеку од традиционалниот Мароко. Тоа е модерен и динамичен град со 200.000 жители во центарот и речиси 700.000 во целата област.
Поради својата географска положба и просечната дневна температура од 20 степени целзиусови во јануари, Агадир е една од омилените зимски дестинации, особено за жителите на северот и Европа. Климата е совршена преку целата година, така што дури и во најтоплите месеци, јули и август, топлината не е неподнослива.