Еве една маска која ќе ви помогне да ја зајакнете оштетената коса. Таа е погодна за сите типови на коса, а исто така помага да се намали нејзиното опаѓање. Исто така го стимулира и нејзиниот раст.
Главната состојка на оваа маска е квасецот! Се применува 2 пати неделно. За да се опорави оштетената коса, и да се добијат максимални резултати, постапката се повторува во текот на 2 месеци без прекин. Значи, два пати неделно во текот на 2 месеци.
Резултатот од користење на оваа маска, не само што е вискоквалитетен, туку е и траен!
Маските од квасец се погодни за сите типови на коса, и се незаменливи во борбата против опаѓање на косата и нејзниот побрз раст.
Маска од квасец против опаѓање и за зајакнување на тенката и слаба коса:
Ќе ви биде потребно:
– 1 кафена лажица топло млеко
– 1 кафена лажица мед
– 7гр сув, или 20гр свеж квасец
Подготовка:
Во една супена лажица топло млеко, растворете 1 кафена лажичка мед или шеќер, додадете 20гр свеж квасец. Оставете го на топло место да ферментира, 15-20 минути.
Добиената смеса нанесете ја на чиста, влажна коса. Завиткајте се со кеса или крпа. Оставете ја смесата на глава еден час (може и подолго, до 2 часа), на крај измијте ја косата со топла вода.