Принцот Хари и Меган Маркл ќе се ванчаат на 19.мај следната година, официјално е потврдено од Кенсингтонската палата.
Парот минатиот месец ја објави веста за веридбата и најави дека венчавката ќе биде одржана следната година во дворецот во Виндзор.
Хари, петти по ред наследник на престолот, и американската глумица Меган Маркл својата едногодишна врска ја започнаа во јули минатата година кога се запознаа на состанок кој им го “наместија” заеднички пријатели.
Кралското семејство ќе ја финансира венчавката.